ЕБРД: Македонскиот БДП ќе изнесува 0,5 отсто во 2010 година

Bez autora
Jul 22 2010

Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) проектира 0,5% раст на македонскиот БДП во најновиот извештај за европските економии во 2010 година. Претходната прогноза на ЕБРД за оваа година за Македонија стоеше проекција од 2,2 отсто. За наредната година извештајот предвидува раст од 2,5 проценти. За земјите во регионот за оваа година за Србија се предвидува раст од 1,9 отсто, Албанија 1,4 проценти, Босна и Херцеговина со раст од 0,4 отсто, Романија минус 3, Бугарија минус 1,2 отсто, Хрватска минус 1,3 проценти, Црна Гора минус 0,1 отсто, Словенија нула, а Турција раст од 5,9 проценти. Просечната прогноза за земјите од Југоисточна Европа (ЈИЕ) за економскиот раст за оваа година изнесува минус 1,5 проценти, а за наредната година се прогнозира раст од 1,2 отсто. За економиите на земјите во Европа за 2010 година, ЕБРД предвидува раст од 3,5 проценти, а за наредната година тој изнесува 3,9 отсто. Во извештајот стои дека заздравувањето на економиите во земјите во транзиција ќе напредува. во многу земји, економската активност беше силна во првата половина на годинава.

ЕБРД: Македонскиот БДП ќе изнесува 0,5 отсто во 2010 годинаЕвропската банка за обнова и развој (ЕБРД) проектира 0,5% раст на македонскиот БДП во најновиот извештај за европските економии во 2010 година.

Претходната прогноза  на ЕБРД за оваа година за Македонија стоеше проекција од 2,2 отсто.

За наредната година извештајот предвидува раст од 2,5 проценти.

За земјите во регионот за оваа година за Србија се предвидува раст од 1,9 отсто, Албанија 1,4 проценти, Босна и Херцеговина со раст од 0,4 отсто, Романија минус 3, Бугарија минус 1,2 отсто, Хрватска минус 1,3 проценти, Црна Гора минус 0,1 отсто, Словенија нула, а Турција раст од 5,9 проценти.

Просечната прогноза за земјите од Југоисточна Европа (ЈИЕ) за економскиот раст за оваа година изнесува минус 1,5 проценти, а за наредната година се прогнозира раст од 1,2 отсто.

За економиите на земјите во Европа за 2010 година, ЕБРД предвидува раст од 3,5 проценти, а за наредната година тој изнесува 3,9 отсто.

Во извештајот стои дека заздравувањето на економиите во земјите во транзиција ќе напредува. во многу земји, економската активност беше силна во првата половина на годинава.

Регионот се соочува и со зголемени надворешни ризици за нарушување на финансиските пазари и фискални влијанија.

Во повеќе земји од ЈИЕ има знаци за економско закрепнување, сепак домашната побарувачка е слаба поради недостаток на доверба на потрошувачите, зголемување на невработеноста, и фискално ограничените влади.

Кризата во Грција има директни ефекти врз неколку земји каде што врските се силни во трговијата,инвестициите и финансиите, а индиректни ефекти ќе има врз  растот на западна Европа.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik